19.10.11

Колоритната палета за новите столчиња:

Вака изгледа колорната палета за столчињата кои што чекаат на ред да бидат обновени. Морам да признаам многу ми беше тешко при изборот. Секако пастелните бои имаа предност, но ми доаѓаа секакви идеи на ум. Искрено се надевам дека ќе имам можност сите тие идеи некогаш да ги изреализирам. :)
 Вака изгледаше подготовката денес во моето ателје. Морам да напоменам дека оваа пастелно розева боја беше мојот избор затоа што е боја која што навистина лесно може да се комбинира. Јас лично не ја користам розевата боја како избор ниту за облека, ниту за предмети, но токму оваа нијанса многу ја сакам. Во ентериерот може да се комбинира и со портокалова, црвена, жолта, било каква нијанса на дрво...буквално со се... многу е неутрална, а освежителна и ненападна.

 Денес ме дружеше и моето куче - Мило! :)
Ова е материјалот кој што ќе го употребам за тапацирање како контраст на светлата розе боја, мислам дека е доволно нежен и отмен.
Што мислите вие? Ви се допаѓа ли на вас оваа комбинација?

3 comments:

  1. Многу ми се допаѓа комбинацијата, супер идеја! Едвај чекам да ги видам споени деловите :)

    ReplyDelete
  2. и нас ни се допаѓа. :-)

    ReplyDelete
  3. и јас истооо едвај чекамм!! :D

    ReplyDelete