24.10.11

Ретро - Модерни столчиња:

 Столчињата се конечно готови и изгледаат одприлика вака. Морам да признаам нивната боја многу поубаво изгледа во живо, но и од фотографииве може да се долови нивниот дизајн. Овие столчиња ќе се продаваат online, продавницата е сеуште во подготовка, а сите заинтересирани можат да ми пишат на - viktorijalang@gmail.com. За првите заинтересирани, нормално следува попуст. :)
 Со столчињата и со уште неколку други предмети кои што рачно ги изработувам и веќе подолго време ги собирам и комбинирам, овие денови почнав да поставувам една Ретро сценографија преку која ќе можам да го доловам нивниот дизајн во артистичко - инспиративен амбиент.
 Ова е еден пример од предметите кои што ги работев. Висечка декорација изработена од различни типови на хартија која што може да се користи и како лустер. Бојата, иако не сосема истата, одлично се вклопи со столчињата.
Оваа декорација мене ме потсетува на едно големо цвеќе и ми изгледа премногу женствена и нежна. Може да се користи и за некаков вид на поотмени забави, прослави или пак во поуникатни ентериери.
Ова е само едно мало откривање на моите први подготовки при поставувањето на некои од елементите за сценографијата, но ги има уште. Овие денови ќе ја поставам целата сцена, па ќе можеме сите заедно да се внесеме во Ретро стилот! :)

2 comments:

  1. haha, telefonot e super. i stolchinjata, se razbira.

    ReplyDelete
  2. preubav e lusterot...stolcinjata se ubavi i mi se dopaga materijalot na niv ama epten go zagledav lusterot

    ReplyDelete