4.11.11

Преплет и Пастелните Утра:

 Добро утро или добар ден на сите...како сакате :) Како што можете да видите направив неколку мали промени на блогот. Од левата страна ги додадов копчињата кои можат да ве одведат до многу инспиративни страници. Тука е и мојата тазе отворена продавница на etsy каде што може да ги видите сите моментални производи, но земете го во предвид тоа дека за вас купувачите од Македонија цените би биле нешто пониски поради одземениот shipping. Тоа и не е така лоша вест нели? :)
 Што се однесуваа до овие фотографии кои што ги гледате сега, тоа е една мини колекција која што ја направи Преплет во соработка со Пастелните Утра. Подетално тоа звучи вака: Овие производи ќе можете да ги купите со 50% попуст од нивната цена доколку сте follower на овој блог. Значи, ова е супер прилика да се регистрирате како follower ако досега не сте го направиле тоа и да си нарачате нешто од овие нежни и пастелни производи за навистина ниска цена. Цените можете да ги видите подоле.




Цената на 1 пар обетки со дијаметар 3цм е 400ден., ако сте follower ќе ве чинат 200ден.
Цената на 3 пара обетки со дијаметар 2цм е 500ден., ако сте follower ќе ве чинат 250ден.
Цената на 1 пар обетки со дијаметар 3цм со висечки додаток е 500ден., со попуст се 250ден.
Цената на траката за коса е 700ден., ако сте follower ќе ве чини 350ден.
Цената на ланче со привезок со дијаметар од 6цм е 500ден., а може да ве чини 250ден.

Нели ова е супер? :)

2 comments:

  1. честито за etsy, викторија, и за новиот изглед на блогот. ти посакувам многу продажби.

    ReplyDelete
  2. Cestito za Etsy! Ti posakuvam golem uspeh!

    ReplyDelete