8.11.11

Ретро амбиент - "Необичен ден":

 И.. како да не забележуваше дека работите не се одвиваа во посакуваниот правец или можеби само изгледаше така. Безволно седеше во својот убаво осмислен амбиент и се насмевнуваше кога некој ќе ја погледнеше... Бараше утеха во предметите затоа што само тие беа сведоци на нејзината тага...
 Размислуваше на убавите времиња, кога се изгледаше така лесно и едноставно. Тогаш како сонцето посилно да ги грееше сите срца на напуштените души.
 Почна да ја бара утехата во книгата  која некогаш одамна и беше омилената приказна за која сакаше да зборува. Можеби мислеше дека таму ќе го најде рецептот на среќата...
 Веќе беше скоро 12 часот напладне, а мислите непрекинато и бегаа на друга страна.
 Безволно стана и почна да разгледува наоколу. Можеби подобро ќе биде мислите да ги истера со некоја добра музика.
 Можеби лентата на која пред многу години претпазливо ги снимаше омилените песни ќе и ја вратат спокојноста што тогаш ја имаше.
 Иако ја пееше онаа весела песна на која што на некои делови едвај се сеќаваше, во грлото како да имаше грутка, а во очите солзи.
 Наеднаш застана. Го прекина цело шоу кое што сама си го приреди. Се намурти и се загледа во една точка. Ова нејзе никогаш и се нема случено! Не смее да и се случи! Не смее да биде несреќна! Таа секогаш треба да победува. Се јави на некој од многуте луѓе кои што секогаш и беа на располагање и сакаа да бидат во нејзино друштво. Направи некоја гримаса и низ усните и се развлече зајадлива насмевка.

Веќе беше подготвена за шетање и на непрекинато делење неодоливи насмевки!

- Модел: Емилија Ланговска
- Сценографија: Викторија Ланговска - Јас :)
- Фотографија: Јанус 

No comments:

Post a Comment