23.11.11

Крилесто столче:

 Дизајнот на кој што работам во моментов е една необична форма на стол. Мојата замисла е следната: столот треба да има големи крилја кои што ќе бидат поставени на наслонувачот, а визуелно да изгледа дека крилјата ги има оној кој што седи на него. Оваа идеја ја имам скицирано од по одамна ама еве сега се решив да ја испробам и да направам еден вид на прототип на мојот дизајн. Земав едно многу старо столче кое што малку го дооформив во согласност со моите потреби како на пример: го извадив горниот дел од наслонувачот и ги исеков последните две прачки од него. Потоа столот убаво го исшмирглав и го офарбав во сребрена боја.
 Следниот чекор беше дизајнт на крилјата. Имав голема дилема дали тие да бидат спуштени надолу или раширени нагоре. Но поради концептот кој што подоцна почнав да го развивам и пораката која што ќе ја носи овој дизајн, крилјата решив да ги нацртам нагоре, да бидат како во лет.
 Картонот го обоив и од двете страни, а потоа крилјата ги шиев дополнително за основното парче кое што ќе биде на наслонувачот.
 Еден цел ден изминатава недела го поминав во барање на материјал за крилјата. Никаде не можев да најдам пердуви баш во бела или сребена боја или пак нешто слично што наликува на нив. На крајот го купив овој конец кој што можете да го видите горе, купив неколку лепези од бели пердуви (беа најслични на тоа што го барав) и почнав сама да правам различни облици од хартија. Замислете си колку многу само сецкав... :)



Вчера завршив со сечењето на сите делчиња, а денес конечно почнав да ги лепам едно по едно. Вака изгледа само еден дел од крилото кој што успеав денес да го направам, а утре се надевам дека ќе ги направам и двете. Многу ме интересира како ќе изгледаат на столот и дали ќе ми излезе се по планот. :)

1 comment: