1.12.11

Декември:

Здраво декември! Мојот омилен месец. Сперед мене од денес може да започне онаа прекрасна новогодишна атмосфера. Иако некои од улиците и излозите на некои продавници во Скопје веќе почнаа да ги китат, декември е месецот кога градот трепери од сите сијалички и снежни декорации. Имам чувство како секоја година се порано да започнува оваа треска. Или се лажам, незнам, но мене секако ми одговара :). Јас имам многу арт-планови и мали проектчиња за овој месец кои со радост ќе ви ги презентирам. Се надевам ќе ви ја пренесам мојата позитивна енергија со моите постови на овој блог. Ајде заедно да уживаме со доаѓањето на овој месец, да бидеме креативни и да уживаме во последните денови на оваа 2011 година!

1 comment:

  1. Viki mnogu pozitiven post, dojdi na mojot blog te ceka nagrada :)

    ReplyDelete