10.12.11

Декемвриско Излегување:

 После новогодишниот пост со идеи еве еден декемвриски - зимски пост :) Овие три бувчиња го   претставуваат моето дело наречено "Декемвриско Излегување" со кое што ќе учествувам на изложба која има слоган "Trash for Art". Оваа изложба е организирана од страна на "Пакомак" (друштво за управување со пакување и отпад од пакување) и темата беше да се создаде некое интересно дело кое што ќе биде изработено од отпад од пакување на производи. Моето дело е создадено од пакувањата на тетрапак соковите каде што ја употребував внатрешната страна на истите, потоа од опаковки од бонбони, капачиња од тегли и пластични сокови и плутени тапи. Ќе се навратам малку на значењето на името на делото. Декемвриското излегување има двосмислено значење и тоа: едното е во смисла на  излегување на бувовите, а другото е моето излегување (претставување) на оваа изложба во декември.
Отворањето ќе биде во понеделник и ќе трае до четврток наредната недела во просториите на МКЦ. Секој кој што е заинтересиран може да ја посети и се разбира да ми пише. :)










2 comments:

  1. Уууу, баш добро изгледаат, многу ми се свиѓаат. Браво! Секоја чест за идеи и за трпение :)

    ReplyDelete