16.12.11

Специјален подарок:

Во овој пост сакам да ви презентирам две работи. Едната е веќе завршена и тоа е подарокот кој што долго го подготвував за Симон односно "Симон Мој" како што јас сакам да си го викам :). Јас и Симон овој месец ја заокруживме и нашата четврта заедничка година, а два дена пред да го направиме тоа, тој го прослави својот 30ти роденден. За секој подарок за Симон секогаш се обидувам да биде нешто уникатно, но овој пат сакав да биде нешто навистина специјално. Така, покрај купениот џемпер (кој всушност беше и самиот подарок), долго време го обмислував пакувањето и презентирањето на подарокот. На крајот излезе ова што го гледате на фотографиите: голема папка со повеќе џепчиња и пликоа, малку текст и искрени честитки. Него премногу му се допадна и подарокот и идејата, а јас бев многу среќна и задоволна. :)



Втората работа сакав само да ја наговестам во овој пост, а тоа е дека од почетокот на овој месец подготвувам сцена за фото сесија наречена "Зимска Бајка". Знаете дека не сакам многу предвреме да зборувам за работите, а поготово проектите затоа што често знаат да не испаднат, но овој е при крај и за некој ден ќе можете да го видите целосно савршен.
Имајте убав викенд и споделувајте среќа! :)

1 comment: