29.12.11

Подароци од Дедо Мраз:

 Иако имав многу повеќе идеи отколку што реализирав овој месец поради непланираните обврски кои што ми излегоа, сепак подароците не можев никако да ги изоставам. :) Ова што го гледате се подароци за моите најблиски луѓе (другарките, сестра ми, Симон, братичедите и сл.) Она што се крие внатре во нив, е нешто многу интересно но бидејќи сакам да биде изненадување за нив ќе морам да ви го откриам по Новата Година. Тогаш ќе ви кажам и како може сами да го направите, па можеби ќе биде супер идеја за да го направите за некого за Божиќ.
 
 Мислам дека веќе многу добро знаете дека многу сакам да подарувам и верувајте многу уживам додека ги подготвувам Новогодишните подароци. Сега сите стојат под елката со посвета за секого до кого е подарокот и дека е од Дедо Мраз (со мојот потпис :)



Уживате ли и вие да подарувате, да смислувате секогаш ново пакување за подароците? Можете да ми пишете и заедно да ги споделуваме Новогодишни мигови!

No comments:

Post a Comment