4.1.12

Снежна кугла:

 Ова беше изненадувањето за кое што зборував во претходниот пост. Рачно направени снежни кугли за сите оние кои што биле умни во 2011 година. :) Морам да ви признаам дека малку ме изнамачија овие кугли затоа што прв пат ги правев и морав да потрошам повеќе време додека ја најдов финтата која што сега ќе ви ја откријам вас.
 Значи вака: најпрво да напоменам дека се служев со туторијали од "youtube" од кои што видов што се е потребно за да се направат овие предмети. Тоа се: една тегла, водоотпорни лампиончиња, водоотпорен лепак, дестилирана вода, глицерин и светки. Немојте да се плашите, ништо од ова не е комплицирано да се најде иако така звучи. Празна тегла сигурно имате дома, пластични или стаклени лампиони можат исто така лесно да се најдат, за водоотпорно лепило можете да го користите силиконот, водата ќе треба прво да ја зовриете па да ја оладите и светки можете да најдете по книжарниците или како што јас ги купив од "Jumbo". Остана уште глицеринот. Со глицеринот имав малку проблем. Никогаш го немав користено до сега и незнаев каде можам да го најдам. Бев готова да го барам во ауто салоните затоа што татко ми ми кажа дека таму имало. Среќа подистражив и видов дека има друг вид на глицерин по аптекиве како препарат за кожа и дека најверојатно тој е тој што ми треба. Го купив и еве добро се покажа... :)
 Следното што треба да го направите е да го залепите лампионот (можете и повеќе ако се помали) на внатрешната страна на капачето. Оставете го да се исуши 24 часа. Потоа наполнете ја теглата со дестилираната вода, сипете малку од глицеринот, ставете ги светките и убаво затворете го капачето. Протресете ја теглата и уживајте во снежната магија.




Верувајте, многу е интересно и заразно додека ги правите и ова нека ви биде добар повод да изненадите некој за Божиќ! :)

No comments:

Post a Comment