4.9.12

Сценографија за детска претстава: #1

 Одамна немам пишано, затоа спремете се за долг пост!
Мечти, планови, скици, разговори, жештини, идеи, движења натака-навака и пак планови и се по ист ред... така се состоеше моето поминато време од мојот последен пост. Од се по малку и на крај ништо конкретно. Зошто да биде едноставно кога може комплицирано? (на Симон омилената фраза за мене:) Е таква сум... Се надевам нешто од моите изминати планови ќе се реализира во скоро и ќе можам да ви го претставам, ама во оваа фаза... неможам ни одблиску да доловам што се ми се мота низ глава.
Како и да е, овој пост е резервиран за мојата работа последните две недели и која сеуште е во тек. Се работи за што друго ако не сценографија. Работам на детска претстава за Театар 007 која треба да се дава некаде кон крајот на месецот. Претставата се вика "Сината птица" и е од Морис Метерлинк. Се работи за многу интересна приказна, за која што ќе зборувам малку подетално во некои од наредните постови.
Овие фотографии подоле ги презентираат сосема првите моменти откога започнав со подготовките за оваа сценографија. Платната на кои што треба да ги цртам сцените се огромни и ми требаше помош за нивното сечење, кроење и спојување, па затоа околу тој дел ми помогна Ирина Тошева, која воедно е моден дизајнер и прекрасна личност. Можете да ја посетите нејзината фејзбук страна тука. Се се случуваше во нејзиното удобно атеље каде што заедно поминавме уште еден екстремно топол и сончев ден.
Потоа следуваа моите првични скици на платното, а што се случуваше понатака и уште се случува ќе дознаете во следниот пост.
Се надевам не ве изморив читајќи. :) Имајте убав ден!




No comments:

Post a Comment