About Me

Здраво, Јас сум Викторија Ланговска и добредојдовте на моето креативно место. Тука ги споделувам сите мои креативно - дизајнерски проекти кои што ги работам професионално или за себе.
Имам завршено "Арт и Дизајн", на насока дизајн на ентериер. Моментално сум на магистерски студии по "Историја на Уметност". Работам на најразлични проекти, најчесто на театарска сценографија и сценографија за фото сесии. Обожавам се што е рачна изработка, се во што е внесено иновативност и љубов. Токму поради тоа, во сите мои проекти, се е рачно изработено, редизајнирано, префарбано, обоено, нацицкано и стокмено. Тоа е мојот стил и во секој мој проект тежнеам да воведам иновативност и препознатливост.
Ги обожавам сончевите утра, обожавам да гедам во пастелно обоеното небо, да правам планови за денот што следува и да пијам кафе. Поради тоа овој блог го нареков "Моите пастелни утра". Никогаш немаше да помислам дека водењето блог ќе ми причинува волкаво задоволство, па затоа, добредојдовте и бидете мој читател. 



Hi, I'm Viktorija Langovska, from Macedonia. This is my creative place where I will share my professional and homemade projects with you. 
I graduated as an interior designer, I'm working on my master diploma in history of art and also I'm working as a freelance set designer in my country. Anyway, I love my profession, because every project  I have is different and unique. Usually I am inspired by the history, literature, theater and nature. 
I'm enjoying the sunny mornings, looking through the window in the pastel colored sky, making a plans for the following day and drinking coffee. Because of this, I named my blog "My Pastel Mornings". I could never imagine that I will enjoy so much spending my time here, so welcome and be my follower. 

Below you can see some random facts about me in order to know me better.