Workshops:


 Хеј, хеј, хеј!!! За сите вас, креативни души, па и за оние што досега мислеле дека не се, добредојдени сте на работилниците кои што ќе следуваат за да го докажеме спротивното.
Од денес имате можност да се запишете на работилниците за рачни изработки кои што со задоволство ќе ги водам јас - Викторија Ланговска.
Доколку ги следите пастелните утра од порано, знаете дека беа место каде што се презентираа многу рачно изработени предмети со инструкции како да го направите истото сами. Сега, ќе имаме можност заедно со дружење и желба, да изучуваме многу трикчиња од кои се прават чуда. Со овие работилници би сакала да ви ги откријам малите тајни на широко отворените креативните очи. 
На фотографиите можете да видите една мала ретроспектива на дел од поедноставните работи кои што ви ги имав презентирано порано. Тука се: ограничувачот за книга направен од стапчиња за сладолед, рамката за слика направена од дрвени штипки, зимската шоља направена од стари ракавици, бувот од тетрапак сокови и сл.
На работилниците ќе се изучуваат лесни техники и ќе се употребуваат материјали кои што секојдневно не опкружуваат. Темите кои што ќе бидат опфатени ќе се бираат во зависност од времето, месецот, празниците кои што следуваат и слично.
Она што е најважно да се знае е тоа што работилнииците ќе се одржуваат два пати неделно и ќе траат од ноември до мај. Секој месец ќе се изучуваат различни дизајни и техники, почнувајќи од поедноставните, завршувајќи со покомплексните. На крајот од школската година ќе биде организирана изложба каде што ќе се презентираат сите направени дела.
 Местото на кое што ќе се одржуваат часовите е средното училиште "International High School", a месечната чланарина изнесува 1200 денари.
Добредојдени сте сите, на ова возбудливо патување, а со себе понесете си само две три монистри и креативност :)
Доколку имате некои дополнителни прашања, слободно можете да ме контактирате тука на блогот или на viktorijalang@gmail.com
Имајте убав ден и се гледаме!


No comments:

Post a Comment